Алонсо: Не е ни чудно што сме бавни

527
   

Фернандо Алонсо изјави дека не е изненаден што Мекларен се мачат за перформанси и се многу бавни затоа што болидот речиси и да не е променет од Големата награда на Шпанија во Мај годинава. Двата портокалови болиди ја завршија денешната квалификациска сесија во Сузука во К1, Нандо ќе тргне од 18то место, Стофел зад него, најмногу благодарение на фактот што Маркус Ерксон не псотави време.

Шпанецот е убеден дека извадил максимум од болидот и дека не е изненаден од времето поради тоа што новинтие и подобрувањата кои се носат не даваат резултати.

Мислам дека извадив максимум денеска. Тоа е што е, бавни сме цел викенд така што не е ни чудно што сме на крајот на квалификациите. Да почекаме и да видиме што можеме да направиме утре на трка, но дефинитивно ќе биде многу тешко.

Го возиме истиот болид од Шпанија и работиме со тоа што го имаме од Мај. Кога доаѓаме на трки како Сингапур или Унгарија стигнуваме до поени затоа што тие патеки се попредизвикувачки, но на вакви патеки како Јапонија се мачиме. Сеуште имаме за цел да освојуваме поени затоа што тоа е важно за конструкторскиот проедок. Ќе дадеме се од себе – најави Алонсо.

Временската прогноза за утре најавува сончево време, така што Мекларен нема да може да искористат нити од мешаница проади дожд.

Се надевавме на дожд во Недела, но по се изгледа ќе биде целосно суво. Немаме ритам и брзина за поени, така што ќе мораме да искористиме секоја шанса која ќе ни се пружи.


Алонсо: Не е ни чудно што сме бавни

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>