Шпанецот Фернандо Алонсо изјави дека не е горд и задоволен со неговите квалификации каде успеа да постави 12то време со кое ќе стартува од 6од стартен ред. Нандо ќе тргне од сендвич помеѓу возачите на Форс Индија, Естебан Окон и Серхио Перез, и ова за него се најдобри квалификации по трката во Сингапур.

Ова беше одличен резултат за Мекларен по тренинзите во Петокот кога беа на дното на табелата.

Кругот не беше перфектен. Имав подуправување во брзите свиоци со последниот сет гуми и поради тоа не сум среќен, горд и задоволенсо кругот. Реално да зборувам, 12та позиција е подобро од што замислував бидејќи отпаѓав во К1 на последните 4 трки. Тука сум во К2 и тоа е добро стартно место – смета Нандо.

Иако не е задоволен со својот круг, тој се надева дека може да освојат поени за прв пат по Големата награда на Сингапур.

Темпото за трка е оптимистичко. Ако стартуваме од добра позиција ќе биде одлично. Борбата за поени ни е на дофат. Хиперсофт гумите бараат менаџирање и ќе видам што ќе изберам. Се надевам дека ќе ја завршам трката со неколку поени.

Неговиот колега Стофел Вандорн ја продолжи серијата на лоши квалификации и испадна во К1.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.