Фернандо Алонсо не е заинтересиран да се бори за 7мо место во конструкторскиот поредок, велејќи дека единствена цел на Мекларен е да заврши пред Форс Индија во поредокот кај конструкторите.

На четири трки пред крајот на сезоната, која е последна за Нандо во Формула 1, тој се наоѓа на 10то место кај возачите со 50 поени, 3 помалку од Перез, Магнусен и Хулкенберг кои се на делба на 7та позиција.

Шпанецот е дециден и вели дека не е заинтересиран да се бори со никој од нив за титулата најдобар од останатите.

Ништо нема да ми значи ако завршам 7ми во шампионатот, тоа нема никаква поента и немам план да се борам за тоа. Моја единствена цел е да завршиме колку што може повисоко кај конструкторите со Мекларен.

Во добра позиција сме, немаме надеж дека ќе ги стигнеме Рено и Хаас, но разликата помеѓу нас и Форс Индија и Заубер се намалува на секоја трка затоа што тие се силни. Сепак, ние немаме намера да им дозволиме да не стигнат во поредокот до Абу Даби, тоа е наша цел. Поредокот кај возачите не ме интересира – објасни Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.