Алонсо: Мојата иднина не зависи од Ле Ман

97

Фернандо Алонсо е сигурен дека неговата иднина во Формула 1 нема да зависи од успехот кој би можел да го постигне на трката 24 часа Ле Ман.

Возачот на Мекларен по викендот во Канада ќе дебитира на трката 24 часа Ле Ман, која е дел од светското првенство на издржливост, со тимот на Тојота. Директен конкурент на Алонсо ќе биде вториот автомобил на Тојота ЛМП1, кој пак Алонсо заедно со Себастијан Буеми и Казуки Накаџима го поразија на почетокот на сезоната во Спа.

Победа на престижната трка ќе ја означи втората од трите потребни победи за Тројната Круна, со што би постанал само вториот возач во историјата кој успеал во тој поход (Монако, 24 часа Ле Ман и Инди 500). Иако тој инсистира дека резултатот кој ќе го постине нема да влијае над неговата иднина во Формула 1, како и интересот на Мекларен да има целосни екипи во ИндиКар и WEC.

Најверојатно не. Но очигледно не сум размислувал премногу, бидејќи прво треба да видам како ќе помине Ле Ман.

За ИндиКар, знам дека тимот размислува околу опциите, но тоа е одлука на Мекларен и нивната посветеност кон Северна Америка и пазарот таму, а јас нема да бидам вклучен во таа одлука.

Веќе потпишав нов договор минатата сезона и тој е повеќегодишен. Имаме уште многу години пред себе!

Не ми е здодевно во Формула 1. Очигледно е врвна серија во моторспортот. Сите сонуваме да бидеме дел од спортот, од деновите на картинг. Но вистина е дека минатите години, особено во турбо ерата, работите се предвидливи.

Имаме 21 трка и сите знаеме што ќе се случи на наредните 14. Тоа е жално за спортот. Немам ништо против Формула 1, не сум уморен од сето тоа, едноставно знам дека ќе дојдам на оваа трка и ќе се борам за пласман помеѓу 7 и 12 место.

Сезоната ќе ја завршам во Абу Даби борејќи се за пласман од 7 до 12 место. Не е важна брзината тој ден, не е важна среќата во квалификациите, не е важно како ќе го подесите болидот или дали работите ќе се одвиваат во ваша полза – изјави Алонсо.


Алонсо: Мојата иднина не зависи од Ле Ман

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>