Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, верува дека тимот ќе биде во многу подобра позиција следната сезона по големит епроблеми кои ги имаат годинава со МЦЛ33 пакетот.

За Нандо ова е последна Формула 1 сезона, ја завршува својата кариера во врвот на моторспортот каде му остануваат само уште две трки за екиапта од Вокинг. Мекларен има тешка сезона, во моментов се на 6то место и се бранат од силната Форс Индија.

Следната година во Мекларен ќе има целосно нов возачки тандемо составен од Ландо Норис и Карлос Саинз, а се најавува дека концептот за следната година ќе наликува многу на овогодишниот болид на Ред Бул.

сигурен сум дека болидот ќе биде подобар следната година. од јули тестираме експериментални делови за догодина, во екипата има голем оптимизам со насоката кон која работиме последните неколку месеци.

ги разбравме проблемите кои ги имавме годинава, знаевме дека ланската шасија беше многу поконкурентна. сезонава загубивме дел од таа конкурентност и конечно разбравме зошто тоа се случи. мислам дека следниот болид ќе биде многу подобар за тимот и среќен сум поради тоа – кусо објасни Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.