Алонсо: Медиумите ги преувеличуваат проблемите во Мекларен

200
   

Фернандо Алонсо смета дека медиумите во Формула 1 ги преувеличуваат проблемите кои од скоро се секојдневие во сезоната за екипата на Мекларен.

Екипата од Вокинг нема освоено поен од трката во Азербејџан, падна позади Рено во пласманот, додека ниту Алонсо ниту Вандорн не успеаја да се пласираат повисоко од вториот квалификациски сегмент во Франција.

Само Вилијамс беа побавни од Мекларен во квалификациите, и додека Вандорн заврши на 12то место, Алонсо се откажа додека возеше на последните позиции. Сепак, шпанецот смета дека лошата ситуација на Мекларен не е толку лоша колку што ја прават медиумите.

Во викенд како тој, единствениот проблем е што вниманието на медиумите е насочено кон лоши вести, поради недостаток на нормална дискусија. Се преувеличува се, особено со сета полемика и со сите работи кои мора да се “продадат“ секоја недела.

Имавме многу лош викенд во однос на перформанси, неконкурентност во Петок, Сабота и Недела. Ние сме први кои го знаеме тоа и сакаме да се подобриме. Во исто време, не сме последни. Не стануваме се полоши и полоши. Не сме најлоша екипа во падокот. Ние не сме сите тие работи кои ги слушаме како се зборат за нас во последниве три дена.

Петти сме во генералниот пласман, јас сум на осмата позиција во конкуренција на возачи. Сите останати кои имаат совршена сезона, се позади нас, така што можеби не се толку совршени, а ние не сме толку лоши.

Знаеме дека не сме конкурентни, а воедно ние сме први кои сакаме да го подобриме тоа – изјави Алонсо.

Фернандо повторно ја истакна ситуацијата од година во година во Мекларен, додавајќи го следното:

Минатата година немавме ниту еден поен, а сега сме петти во пласманот и осми кај возачите. Повторно, ситуацијата е мошне сменета и драстично подобрена.

Не сме каде што сакаме да бидеме и сакаме да се подобриме. Сакаме да се бориме за подиуми, сакаме да се бориме за титула. Мислевме дека оваа година ќе биде период на транзиција, дека ќе бидеме блиску до подиуми и блиску до перформансите на Ред Бул, но не сме.

Го сваќаме тоа и прифаќаме дека треба да се подобриме. Ако ова беше сезона за подобрување, тогаш се подобриме значително. 400 или 500 проценти повеќе поени од минатата година, така што правиме се што можеме – додаде Алонсо.


Алонсо: Медиумите ги преувеличуваат проблемите во Мекларен

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>