Алонсо: Ле Ман ми е приоритет сезонава

95

Фернандо Алонсо открива дека трката 24 часа Ле Ман е приоритет за него оваа сезона притоа откривајќи дека не верува дека ќе направи нешто позначајно во Формула 1.

Викендов ќе почне ВЕЦ сезоната за шпанецот кој ќе се трка на 6 часа Спа за фабричкиот Тојота ЛМП1 тим и ќе ја комплетира целата сезона за нив.

Сезонава не ги оправдува очекувањата во Мекларен, така што Нандо целосно се фокусира на Ле Ман како еден од трите дела на “тројната круна“ во моторспортот која цели да ја освоие.

Мојот приоритет е да го доживеам искуството на Ле Ман која е фантастична трка.

Мислам дека не можам да ја спасам мојата Формула 1 сезона, но имам можност да се тркам на Ле МАн и не треба залудно да ја трошам таа шанса – појасни Алонсо за белгиски Le Soir.

Лани тој се обиде да победи на Индианаполис 500, но моторот не му издржа иако на моменти водеше и имаше одлична трка.


Алонсо: Ле Ман ми е приоритет сезонава

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>