Последниов период не беше мошне продуктивен за Фернандо Алонсо, откако возачот на Мекларен не успеа да ги заврши последните две трки.

Како што полека се ближиме до крајот на неговата Формула 1 кариера, тој посакува да има неколку добри битки во самата завршница, почнувајќи од претпоследната трка во Бразил викендов.

Возбуден сум што се враќам во Интерлагос бидејќи е неверојатна патека и секогаш сум уживал во тркањето тука. Тоа е патека каде сме биле сведоци на многу одлични трки и секогаш е помалку непредвидливо што ќе се случи.

Исто така одвај чекам да поминат последните два тркачки викенди и да се фокусирам на максимални перформанси од нашиот болид, кои не успеавме да ги прикажеме.

Не сум имал шанса да се борам во чисти трки на две трки по ред, така што се надевам дека ќе имаме чиста битка и ќе покажеме што е возможно.

Фановите во Бразил се секогаш многу страствени и јасно е дека Интерлагос е една од оние легендарни патеки во моторспорт светот.

Големи шампиони возеле на оваа патека, а со болидите годинава, ќе биде уште побрзо и повозбудливо – вели Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.