Фернандо Алонсо смета дека казната од пет секунди која ја доби за време на трката во Јапонија по еден контакт со Ленс Строл, покажува колку е лоша Формула 1. Ленс и Нандо беа во борба за позиција во пресрет на шиканата пред стартно целната рамина во првиот круг, кога шпанецот беше приморан да излезе на тревата. Тој ја пресече шиканата низ песокот со цел да се приклучи на асфалтот, а стјуардите сметаа дека со тој потег тој се здобил со предност.

Иако болидот со број 14 беше приморан да излезе надвор од патеката, тој ја пресече шиканата и се приклучи на патека, а правајќи го тоа се здоби со значителна предност – гласи соопштението на стјуардите.

Казна од пет секунди доби и Строл поради тоа што го истуркал Алонсо од патеката, но Фернандо беше гневен.

Дури и кога возач ќе дојде да се извини е тешко да се разбере таа одлука. Ова е добар пример да видите колку е лоша Формула 1. Лоши одлуки и голема неконстантност во носење на истите.

Кочите од надворешната страна во последнта кривина и излегувате од патеката, доаѓате да се извините и добивате казна. Штета – смета Алонсо.

Свесен за казната беше и Строл:

Ова беше карактеристичен инцидент од првиот круг. Од надворешниот дел го минав 130Р и излегов малку по требата, но потоа се вратив на тркачката линија и имав контакт со Алонсо. Не го допрев намерно, а тој продолжи право и сметам дека беше типичен инцидент од првиот круг кој се случувва. Штета што двајцата добивме казна, а мојата трка од тогаш беше уништена.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.