Зек Браун вели дека можноста да биде конкурентен во ИндиКар би била привлечна за неговиот возач Фернандо Алонсо, веќе од 2019 година, наместо да остане во Мекларен. Алонсо сеуште не ја одлучил својата иднина, а постојат шпекулации дека неговата Формула 1 кариера е пред крај.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Алонсо нема победа на трка во повеќе од 5 години, а неговиот премин во Мекларен имаше сериозно негативен исход, по мизеријата со Хонда, но и неможноста работите да функционираат со Рено годинава.

Алонсо мора да победи на Инди 500 за да ја освои Тројната Круна, но Браун смета дека успех во Формула 1 е сеуште  приоритет за шпанецот.

Мислам дека доколку бевме повеќе конкурентни, тој дефинитивно би сакал да остане во Формула 1. Тој говореше за своите фрустрации што е дел од првенство на конструктори, наместо на возачи. Ако погледнете на резултатите од трките, тоа е прилично фер изјава.

Тој сака да си поставува предизвици. Тркање во Инди 500 или ИндиКар би можело да биде одговор на истите.

Тој е многу заинтересиран за ИндиКар. Му се допаѓа серијата, но сеуште не одлучил дали сака да прави нешто такво, во споредба со Формула 1 – изјави Браун.

Клучен фактор во одлуката на Алонсо е дали Мекларен ќе има своја екипа во ИндиКар во 2019 година или не. Мајкл Андрети, чиј што тим се споменува како поддршка на Мекларен, предупредува дека одлуката мора да биде донесена веднаш, додека Браун истакнува дека веста би можела да се објави наскоро.

Моментално, целосно сме фокусирани на Формула 1. Треба да донесеме одлука околу возачите. Само што вработивме нов технички директор.

Земајќи го тоа во предвид, напредуваме во Формула 1 и сметаме дека сеуште има време да донесеме одлука околу ИндиКар за 2019 година. Времето тече. Немаме премногу време. Но блиску сме до донесување на таа одлука – додаде Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.