Алонсо демантира дека бил консултиран за промените

95
   

Фернандо Алонсо негираше дека бил вклучен во менаџерските промени во Мекларен, инсистирајќи дека не бил консултиран во која насока ќе се движи тимот по оставката на Ерик Булие.

Тимскиот директор на Мекларен, Зек Браун, изјави дека Алонсо дефинитивно е еден од лидерите во екипата и дека бил консултиран околу плановите во истата.

Новата улога на Жил де Феран и промоцијата на Андреа Стела, кој премина од Ферари во Мекларен во исто време како и шпанецот, доведоа до сугестии дека Алонсо играл значителна улога одзади сцена.

Сепак Алонсо вели дека тој немал удел во промените и дознал за истите на истиот начин како и неговиот тимски колега, Стофел Вандорн.

Не ме консултираа. Бев информиран за сите промени и нови можности како и Стофел. Очигледно имам поголемо искуство со Андреа одколку со Зек, кој го познава само една година и го побара моето мислење, како и за Жил.

Тој го познава Жил 20 години, а јас само 1 година, така што тој знае повеќе за него одколку јас, во однос на неговите способности и во какви сценарија може да игра улога. Како што кажав, доколку Зек смета дека одредени индивидуи треба да вршат поинаква работа во тимот, тоа е така бидејќи тој смета дека е најдоброто решение, а јас верувам во Зек целосно.

Му верував на Ерик целосно, им верувам на шефовите бидејќи тие се тие кои ги имаат сите информации. Ние само возиме болиди.

Немам идеја за нови потенцијални вработени. Можам да предложам возачи, тие се единствените кои ги запознавам на патеката. Нема да му предложам возач на Зек, бидејќи мислам дека ги има двата најдобри возачи на светот – вели Алонсо.

Сепак, тој признава дека неговото искуство значи дека би можел да има вредно мислење за Браун.

Мислењето и фидбекот кој го имате со 18 годишно искуство е поинакво од други луѓе кои се прилично млади или нови во спортот. Од таа гледна точка, секогаш било така во секоја екипа во која сум бил.

Менаџерските промени не менуваат ништо за мене. Андреа е во позиција на инженер за перформанси во трката, главен за инженерите од двете страни на гаражата, тој веќе го работеше тоа, водејќи ги состаноците и слично.

Жил можеби е повеќе стратегиска одлука за во иднина, нешто како тоа, но не за промени во секојдневниот живот.

Не менува ништо за мене, за иднината. Најважно е да продолжиме да го подобруваме болидот и да бидеме повеќе конкурентни. Се надевам со оваа нова организација ќе се движиме напред побрзо. Времето ќе покаже – додаде Алонсо.


Алонсо демантира дека бил консултиран за промените

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>