Алонсо: Возачите од средината се преагресивни

176

Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, смета дека возачите од средината на поредокот се премногу агресивни и често одбираат да имаат контакт наместо да го испуштат педалот за гас. На последната трка низ Баку, Нандо беше удрен од Сергеј Сироткин од Вилијамс откако русинот имаше контакт со Нико Хулкенберг од Рено.

По контактот, двете десни гуми на МЦЛ33 болидот пукнаа, а искршен и заменето беше и предното крило, додека подот исто така претрпе оштетување. Сепак, со херојсно возење, Нандо на крајот стигна до 7мо место.

За мене, целото тоа минување можеше да биде изведено поинаку. Првиот круг, кога почнувате во средина околу многу луѓе, некои возачи избегнуваат да го испуштат педалор за гас. Кога се наоѓаат во ситуација кога може да се судрат, некои го избираат тоа наместо да забават.

Бевме три болиди многу блиску еден до друг и се доближувавме, а никој не отпушти гас. Јас бев во внатрешниот дел и дупнав дури две гуми – објасни Алонсо.

Не беше само шпанецот жртва во првиот круг затоа што дупната гума имаше и Сергеј Сироткин, а судар имаа Магнусен, Ериксон, Раиконен и Окон.

Во текот на првиот круг, некои возачи се премногу агресивни, како да трката трае еден круг. Навистина штета затоа што уништуваат нечии други трки, трки на оние околу нив и поради тоа ни требаат подобри квалификации за да имаме чист старт.


Алонсо: Возачите од средината се преагресивни

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>