Алонсо: Вандорн нема што да докажува

159

Фернандо Алонсо продолжува со поддршката за својот тимски колега Стофел Вандорн, откако белгиецот има навистина лоша сезона досега. Со квалификацискиот пласман во Германија, Алонсо го има победено Стофел на сите 11 досега одежани трки. Вандорн заврши во поени 3 пати на првите 4 трки, но од Баку нема топ 10 пласман.

Не мислам дека репутацијата на Вандорн е доведена до прашање затоа што болидот е таков каков што е. Во Силверстон беше исто, болидот не е на ниво, тимот се обидува да го најде проблемот и да го реши за да имаме два болиди со исти перформанси. Стофел веќе го има покажано талентот и нема повеќе ништо за докажување.

Да се биде шампион во секоја серија пред Формула 1 и да се вози волку тежок болид не е воопшто едноставно. Тој е во ред и ќе биде многу блиску со перформанси до мене штом неговиот болид се нормализира.

Во врска со неговата репутација, медиумите треба да ги погледнат резултатите пред Силверстон или пак неговите лански квалификации – смета Вандорн.


Алонсо: Вандорн нема што да докажува

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>