Фернандо Алонсо цели кон финиш во топ 10 на Бразилското Гранд При викендов, признавајќи дека тоа е можеби негова последна шанса за освојување на поени.

Двократниот шампион си заминува од Формула 1 на крајот на сезоната, фокусирајќи се на други предизвици, но кои се тие предизвици, тој сеуште не открива.

Моментално, Алонсо е целосно фокусиран кон Формула 1 во неговите последни 2 трки за Мекларен, почнувајќи од трката во Бразил. Според Фернандо, тоа е можеби последна шанса да освои поени.

Мислам дека ќе биде ОК. Патеката е дефинитивно подобра од Абу Даби, така што ако сакаме да освоиме поени, мислам дека ова е шансата за нас. За Сабота и Недела не очекува променливо време, што можеби ќе ни даде дополнителни шанси. Оптимист сум – вели Алонсо.

Викендов е предпоследен за Алонсо во неговата кариера. Запрашан како пристапува на оваа завршница, шпанецот го истакна следното:

Ја бројам секоја минута, се обидувам да уживам во секоја секунда. Последни две трки. Очигледно сакам да завршам добра работа во Недела, тоа е главната причина зошто сме тука, но остатокот од викендот ќе се обидам да уживам – додаде Алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.