Во својата претпоследна трка како Формула 1 возач, Фернандо Алонсо, не можеше да направи ништо за да заврши повисоко од 17то место и призна дека имале лоша брзина и бавен ритам.

Првично шпанецот не можеше да излезе надвор од К3 на квалификациите, но вината е во тимот затоа што одамна во Вокинг престанаа да работат на МЦЛ33 и се фокусираа на следниот болид.

никогаш не знаете што ќе се случи, денеска ризикувавме со стратегијата и се обидовме рано да промениме гуми за да ги поминеме оние пред нас. со начинот на кој се однесуваа медиум гумите, мислам дека прерано засанавме во бокс, но тоа е констатација донесена откако трката заврши.

второто менување исто така планиравме да минеме некого со таков потег, но завршивме загубени, затоа што другите не минаа нас – појасни нандо.

И менувањето на гуми не беше добро за Алонсо затоа што задното десно тркало не беше соодветно монтирано што го чинеше десет секунди наместо 2-3 секунди.

нити стратегијата нити менувањето беа добри денеска, а немавме ни добар ритам за да дојдеме до поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.