Алисон: Ќе се избориме за титула

451
   

Техничкиот шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон, верува дека конструкторската титула е нивна со оглед на брзината и ритамот која тимот ја покажува оваа сезона.

“Сребрените“ до сега имаат пет пол позиции и три најбрзи кругови во 10те извозени тркачки викенди, додека најблиските конкуренти од Ферари имаат четири саботни триумфи и два најбрзи кругови на истите трки. Но, Мерцедес во моментов е 20 поени зад Скудерија кај конструкторите, а Хамилтон 8 поени зад Ветел кај возачите.

Овој спорт е на највисоко ниво кога е непредвидлив, а тоа се покажа и денеска со возбудливиот спектакл кој сигурен сум дека беше прекрасен за фановите. Како и да е, како ќлен на Мерцедес боли што го немаме Луис на највисокото скалило на подиумот каде требаше да се најде со оглед на ритамот и брзината кој ја имаше нашиот болид на трката.

Ако се остави на страна несреќниот прв круг, ќе беше многу интересно да се види како ќе завршеше трката без Безбедносното возило на крајот. Валтери имаше одличен ритам, а неговите гуми беа во добра форма за да го стигне Ветел чии гуми беа повеќе “изедени“ во текот на трката. Но, не беше судено да биде така.

Иако преживеавме неколку тешки викенди тоа не беше поради тоа што болидот е бавен, но од други причини. На крајот ритамот е тој кој вообичаено кажува што се случува во сезоната и ако го повториме и на 11те следни тркачки викенди сигурено ќе се избориме за титулата која самите треба да ја донесеме – појасни Алисон.


Алисон: Ќе се избориме за титула

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>