Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, верува дека исходот од 2019 година ќе биде одлучен од незапирливата трка во развојот помеѓу германскиот тим и нивните ривали од Маранело.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Мерцедес и Скудерија втора година по ред се во блиска битка и во неколку наврати го разменија водечкото место. Луис Хамилтон ги донесе “сребрените стрели“ на врвот, благодарејќи на две последователни победи во последните две трки, но Алисон признава дека моменталната предност на Мерцедес е премногу мала и може да исчезне многу лесно.

Постојат мали разлики, поради што првенството е толку изедначено. Интересно е што во 12 трки д осега, на само 5 од истите победи болидот за кој повеќето се согласија дека бил најбрз. На 7 од нив победникот беше изненадување. На 3 ние победивме, 2 Ферари, 2 Ред Бул – вели Алисон.

Како и вообичаено во конкурентниот свет на Формула 1, стапката на развој на една екипа мора да се одржи во текот на целата година. Помеѓу Мерцедес и Ферари, нема разлика, смета Алисон.

Ова е многу интересна година со многу мали разлики, можеби и грешки, можеби и моменти на генијалност или само многу среќа.

Ништо не е врежано во камен. Развојот продолжува до крајот на годината, ќе биде значајно кој ќе биде посилен, кој нема да прави грешки, кој може да издржи најдолго. Тоа ќе го одлучи првенството.

Никој не знае, никој не знае кој ќе биде фаворит и тоа го прави сето ова возбудливо.

Од друга страна, страшно е, но тоа не мотивира, да видиме дали ќе имаме насмевка на крајот, знаејќи дека сме завршиле добра работа.

Разликата зависи од патека до патека, но има неколку константи. Дефинитивно на неколку трки ни недостасуваше моќ во однос на Ферари, кои пак имаа импресивна развојна форма. Ние сме можеби подобри во просек низ свиоците, понекогаш тие се подобри во бавните и средно брзите свиоци, а во многу брзите ние сме релативно подобри.

Би рекол дека тие помалку беа посилни на некој патеки, но разликата е многу мала.

Ние имавме подобри влегувања во бокс, тие имаа подобри стартови, иако се подобривме на последните неколку трки, а момците завршија одлична работа – додаде Алисон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.