Се очекува Торо Росо во деновите кои следат да ја потврдат соработката со Александер за следната сезона, откако медиумите шпекулираат дека возачот нашол начин за излез од договорто со Нисан е.Дамс Формула Е тимот.

Албон беше кандидат за Формула 2 титулата се до последен момент, иако по крајот на последната трка во Абу Даби падна од 2ро на 3то место во пордокот. Веќе подолго време медиумите пишуваат дека е на врвот на листата на желби како колега за Даниил Квјат во Торо Росо следната година.

Доктор Хелмут , советникот на , одби да потврди дека британецот со тајландско потекло се ослободил од договорните обврски, но смета дека возачот има многу поголеми шанси да вози за нив сега одошто во 2012 година кога беше дел од нивната програма. По Брендон Хартли и Даниил Квјат, тој може да стане трети возач кој бил отпуштен од Академијата на и потоа вратен во тимот.

да видиме, ништо не е сигурно, тој е еден од кандидатите кои ги сакаме.

неговата ситуација е слична со онаа на даниил, многу созреа и имаше многу добри трки во минатото со што го покажа својот потенцијал – смета марко.

Австриецот ги отфрли како неточни тврдењата дека договорот на Александер со Нисан бил отплатен од страна на тимот, изјавувајќи дека работата е во рацете на возачот.

ние немаме договор со нисан, тоа е нешто што самиот треба да го реши.

Првиот човек на Торо Росо, Франц , најавува одлука, но не пропушта да каже дека е импресиониран од Албон.

колку што јас сум информиран, договор сеуште не е потпишан, а штом ќе има било каква информација, сигурно ред бул ќе излезе со соопштение.

албон е еден од кандидатите, покажа одлични перформанси годинава, заврши во топ 3 на крајот од сезоната, но за жал норис успеа да го мине на последниот викенд. немаше среќа на последната трка затоа што моторот имаше проблем откако првично проблемите беа со спојката, но фати ритам. дали ќе стане наш возач, ќе видиме – смета тост.

За престојниот тест за Пирели во Абу Даби, Торо Росо веќе ги потврдија Даниил КВјат и Шон Гелаер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.