Новиот возач на , Александер , очекува многу брзо да учи во својата дебитантска Формула 1 сезона, но во исто време ќе се обиде да не става многу притисок над себе.

Тој доаѓа од Формула 2 првенството каде финишираше на 3то место возејќи го болидот на ДАМС, а колега во првата сезона од врвот на моторспортот ќе му биде Даниил Квјат.

јасно е дека очекувам стмна линија на учење, имам четири денови тестирањр во барселона пред првата трка во мелбурн така то немам многу време. главно сум фокусиран да најдам удобност во болидот и да бидам колку што можам побрз.

во однос на личната подготовка ќе се обидам да не ставам многу притисок над себе и да не форсирам премногу од првиот ден. годинава добивам огромна можност да им покажам на сите што знам – изјави албон при промоцијата на торо росо болидот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Александер влегува во Формула 1 заедно со двајцата подобро пласирани возачи од ланската Формула 2 сезона, шампионот Џорџ Расел и второпласираниот Ландо Норис. Англичанецот со тајланско потекло призна дека е убаво што има толку многу познати возачи против кои се тркал порано.

ме обрнувам многу внимание, но годината секако дека е посебна поради тоа што тројца возачи од формула 2 влегуваат во формула 1. мислам дека мина долго време од последното такво случување. знаеме дека во формула 1 возачите се најдобри од најдобрите, така што убаво е да се знае дека половина од гридот го сочинуваат возачи со кои сум се тркал во картинг.

да се биде дел од ваков грид секако дека е одлично, убаво е да се тркате на највисоко ниво со момците кои ве следат цела кариера.

Сезонава ќе биде исполнета со многу нови патеки за Албон, но Сузука е онаа на која многу и се радува.

јапонија и сузука изгледаат како одлично место за трка. кога се гледа од надвор гледате огромен број на фанови и огромна страст. навистина ми се допаѓа таа земја, сум бил еднаш претходно. патеката е вистински сериозна, старомодна, автодром кој не простува, изгледа кул за возење.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.