Новиот возач на Торо Росо, Алексаандер , ги молел ДАМС и нивниот оперативен шеф, Франсоа Сикард, за Формула 1 место пред почетокто на 2018 година.

Британецот со тајландско потекло имаше договор “трка за трка“ на првите три викенди од сезоната, а потоа ДАМС го потврдија и за цела година. На крајот тој заврши на 3то место во поредокот пред Џорџ Расел и Ландо Норис, двајцата кои заедно со него стануваат дел од врвот на моторспортот следната година.

Неговите перформанси во ДАМС беа доволни за да му биде понудена и Формула Е место во Нисан е.ДАМС тимот, пред да потпише договор со Торо Росо.

се сеќавам во јануари или февруари зборував со франсоа сикард и буквално го молев да ми даде место за годината  затоа што немав пари и не можев да си го дозволам, нешто на што тој се согласи. одтогаш само се покажував и докажував дека можам, но сезната беше луда.

да се заврши на трето место, по малку сум разочаран затоа што мислам дека заслужив да бидам втор, но среќен сум со мојата сезона во ДАМС.

Претходно (во 2016 година завршив на второ место во ГП3 зад Леклер и таму ја покажав својата вистинска брзина, а потоа не одеше како што планирав во Формула 2 и завршив на 10то место со АРТ. Последната година беше само продолжување на 2016 година – објасни албон.

Во првиот дел од сезоната Александер стигна до три последователни пол позиции што беше најдобар дел од овогодинешното првенство за него.

трите пол позиции по ред беа кул за мене, но и ритамот на трка беше многу силен. кон крајот на сезоната, малку како да почнавме да заостануваме.

првата победа во формула 2 за мене беше врвен момент и се случи во баку. не очекував и кога минав прв низ целта бев мега задоволен – заврши албон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.