Аиткин изненаден од себе

74

Џек Аиткин за прв пат искуси тековна Формула 1 машинерија на тестот во Шпанија кога ГП3 возачот имаше шанса да тестира за Рено. Тој комплетираше 128 кругови и постави 6то најбрзо време низ патеката крај Барселона откако пред 3 денови стигна до својата прва Формула 2 победа.

Англичанецот со корејско потекло призна дека е изненаден од себе во однос на тоа колку брзо успеал да се адаптира на РС18 болидот на Рено.

Беше неверојатно искуство за мене да возам тековна спецификација на Формула 1 болид по прв пат. Бев изненаден колку брзо се адаптирав на болидот и влегов “во штосот“ утрото.

Имав напорна и широка програма за , поминавме навистина добро како за тимот така и за мене и можев да научам многу во текот на денот. Се на се, одличен ден со многу кругови и многу податоци за анализа поради што сум среќен и задоволен – појасни Аиткин.


Аиткин изненаден од себе

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>