Формула 2 возачите, Џек Аиткен и Артем Маркелов ќе го одработат тестот за Пирели во болидот на Рено на јапонска Сузука неделава. Дводневниот тест ќе се одвива во Вторник и Среда.

Италијанците од Пирели добија 25 денови приватени тестови со сегашна спецификација на болиди во текот на сезоната со цел развој на гумите за годината која следи.

Џек Аиткен има улога на тест и резервен возач во Рено и одработи први 90 минути за француската фабричка екипа во Сузука, додека русино Артем Маркелов е развоен возач, а одработи и петочна сесија во Русија.

Тестот на Пирели се одвива на тој принцип што ниеден возач или екипа не знаат која компонента на гуми ја тестираат, а собраните податоци ќе се делат помеѓу екипите за да никој не стекне нефер предност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.