Аиткен добива шанса да тестира за Рено

60

Резервниот возач на Рено, Џек Аиткен, ќе добие шанса да седне зад РС18 болидот на Рено за време на првиот сезонски по трката во Барселона. Формула 1 ќе остане во Шпанија по крајот на Гранд При викендот и ќе има два денови тестирање.

Аиткен ќе го вози болидот во Среда, а негово претходно Формула 1 искуство е Е20 болидот на Рено од 2012 година кој го возеше на демонстрациски серии за тимот.

Аиткен е дел од Рено од 2016 година како дел од нивната програма за млади возачи, а минатата ГП3 сезона ја заврши на второ место, веднаш за шампионот Џорџ Расел. Сезонава, исто како и Расел, и тој мина во Формула 2 и вози за тимот на АРТ и во моментов е 7мо место во поредокот со поидум во Азербејџан.

Воодушевен сум што добив шанса да тестирам РС18 за прв пат во животот и многу сум благодарен на Рено за шансата. Кусо разговарав со инженерите и ќе имам цел ден возење пред себе проади што не можам да дочекам. Ќе дадам се да ја искористам оваа можност и да му помогнам на тимот колку што можам – објасни Аиткен.

Освен Аиткен, од актуелните Формула 2 возачи Џорџ Расел ќе тестира Форс Индија, Ландо Норис ќе вози Мекларен, Николас Латифи исто така Форс Индија, а Шон Гелаел повторно ќе седне во Торо Росо.

Вториот ден тест за Рено ќе го одработи Карлос Саинз.


Аиткен добива шанса да тестира за Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>