Азербејџан: Лудница, драма и победа на Хамилтон

2691

Луис Хамилтон ја прекина серијата без победи која трае од Американското Гранд При со триумф во ултра-драматичната трка низ улиците во Баку, при што стигна до 29та последователна трка во поени, своја 63та победа и 120ти подиум. Во исто време, подиум број 77 за Мерцедес.

Втор на целта пристигна Кими Раиконен доаѓајќи до својот 94ти подиум, а 732ри за Ферари. Најниското калило на подиумот ми припадна на Серхио Перез, кој по ланското 2ро место, повторно доаѓа до подиум во Азербејџан. Ова беше 8ми подиум за Серхио Перез, а 6ти за Форс Индија.

На 4то место финишираше Себастијан Ветел, веднаш пред Карлос Саинз од Рено, кој беше единствен финишер од францускиот фабрички тим. Феноменално 6то место, први поени во Формула 1 и први поени за возач од Монте Карло по Големата награда на Монако во 1950 година за младио и талентиран Шарл Леклер. Фернандо Алонсо заврши на 7мо место, Ленс Строл дојде до 4 поени со пласман на 8ма позиција, Стофел Вандорн машки се избори за 9то место, а со пласман на 10то место до своите први поени во кариерата дојде и Брендон Хартли.

Лудница трка, возбуда на секој чекор, претекнувања колку сакаш, а тоа го навести и самиот старт. Кими Раиконен тргна од 6то место, загуби позиција од Окон, но беше во борба со французинот на првите 4 кривини. Во пресрет на свиокот број 4, Естебан блокираше и не остави доволно место за да минат двајцата низ свиокот, имаа контакт, по кој возачот на Форс Индија заврши во оградата што за него е втора незавршена трка во Формула 1 кариерата.

Борба на стартот и малку поназад. Нико Хулкенберг, Сергеј Сироткин и Фернандо Алонсо паралелно на еден кус правец. Реното прво минува и пресекува, при што го оттурнува русинот кон Алонсо. Двајцата имаат контакт кој завршува со предна лева дупната гума кај Сироткин кој се пракира крај патеката и две десни пукнати гуми за Нандо кој успеава со последни напори да го дотурка МЦЛ33 до боксот по свежи пневматици.

Оштетување на гумите имаше и Раиконен кој своите квалификациски ултрасофт уште во вториот круг додека Безбедносното возило беше на патеката влезе во гаража и ги замени со жолти софт, а стратегијата беше јасна, да се стигне до целта со тие пневматици. Воедно, беше променето и предното крило на неговиот СФ71Х.

Контакт на стартот и по една дупната гума имаше и на Зауберот на Маркус Ериксон како и на Хаасот на Кевин Магнусен. За овој инцидент, швеѓанецот заработи и казна од 10 секунди која му беше изречена во 20от круг.

Повлекувањето на Безбедносното возило и рестартот се случи во 6от круг. Ветел беше многу мудар, почека до последен момент пред да “даде полна гас“ и ги остави сите зад себе не давајќи им ни најмала шанса да му го одземат лидерското место. Прерано тргна и болид пред означената линија претекна Серхио Перез кој поради тоа доби казна од 5 секунди која подоцна во трката ја отслужи.

Рестартот донесе фантастична борба на Рено и Ред Бул. Саинз три кругови се обидуваше и конечно во 9от успеа да му го превземе 4то место на Макс Верстапен, во истиот момент кога Нико Хулкенберг го претекна Даниел Рикардо за 6то. Следниот круг Хулкенберг го мина и Верстапен пласирајќи се на неговото 5то место.

Во 10от круг, Кими Раиконен кој влезе во бокс уште на почетокот од трката веќе беше пласиран на 10то место, во поени. Во истиот круг, Нико Хулкенберг загуби концентрација и странично удри во една бариера, дупна гума и тоа значеше крај за неговата трка која започна одлично, судејќи по првите 10 кругови.

Борба имаше и позади Ред Бул за пониските позиции. Во 13от круг Леклер го нападна Строл и му го превзема 7то место, а два круга подоцна и Раиконен го мина Ленс за 8мо место.

Во 16от круг прв од водечката група за нови гуми се реши Карлос Саинз. Промени на софт и од 4то место при влезот падна на 13то при излезот од гаражата.

Во 17от круг, Кими веќе го мина Шарл Лаклер пласирајќи се на 6то место во тие моменти како најслаб возач од топ 3 екипите.

Луис Хамилтон се реши за нови гуми во 23от круг, влезе и своите суперсофт ги промени на софт, губејќи позиција само од Валтери Ботас по што падна од 2ро на 3то место.

Седум кругови подоцна стратегијата на Хам ја копираа и во Ферари со Себастијан Ветел. И тој како и актуелниот првак загуби позиција само од Валтери Ботас и “падна“ на второто место.

Во овие моменти се лсучуваше пеколна бркотница помеѓу Даниел Рикардо и Макс Верстапен откако и на почетокот на трката двајцата се бореа за позиција. Конечно, во 35от круг по многу обиди, Рикардо го мина Макс и не му дозвли да се врати. Три кругови подоцна австралијанецот влезе во бокс и доби свежи ултрасофт, а круг подоцна истото го направи и Верстапен.

Иако Рикардо влезе во бокс пред холанѓанецот, илезе зад него по што повторно следуваа напади, но само еден круг На крајот од стартно целната рамнина во 40от круг, Рикардо беше значително побрз, се обиде да мине од лево, Макс затвори,се обиде десно, но повторно Макс затвори, при што повторното враќање лево донесе нов маневар од Верстапен по што неизбежно беше судар во Ред Бул и завршена трка за двајцата возачи на 11 кругови до крајот.

Ова значепе ново Безбедносно возило, минување на колоната низ боксовите при што сите се решија да променат на нови и свежи ултрасофт.

Безбедносното возило беше на патеката, а кругот број 43 е моментот кој Роман Гросжан никогаш немада го заборави. Французинот ги загреваше гумите на својот Хаас и загуби контрола движејќи се бавно под Безбедносно возило. Ова значеше ново одложување и возење во колона се до 47от круг.

Рестартот добро го изведе Ботас, но Ветел го стигна користејќи го неговиот драг и се обиде да мине на првата кривина. Но, се прецени следуваше моќно кочење кое секако ги уништи неговите ултрасофт и дозволи Хамилтон и Раиконен да го минат лесно, а многу брзо тоа го стори и Серхио Перез.

Се чинеше дека тоа ќе биде проедокот до крајот, но 3 кругови пред целта Валтери Ботас мина над еден остаток од нечиј болид кој го дупна неговиот заден десен пневматик, при што лидерот остана паркиран крај патеката. Подарок победа за Луис Хамилтон кој го враќа во живот.

Луис Хамилтон го превзеде водството во генералниот поредок со 70 поени, 4 повеќе од Себастијан Ветел, додека Кими Раиконен го превзеде 3то место од Валтери Ботаси сега “му бега“ 8 поени на својот земјак. Во моментов, единствено Роман Гросжан и Сергеј Сироткин се без поени на гридот.

Ферари го превзема водството во конструкторскиот пордок и има предност од 4 поени. Мекларен се 4ти со поен пред Рено, а Форс Индија се 6ти со 3 поени пред Торо Росо, 5 пред Хаас и 6 ред Заубер.


Азербејџан: Лудница, драма и победа на Хамилтон

42 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>