Големата награда на ќе продолжи да биде дел од Формула 1 календарот барем до 2023 година, откако организаторите објавија дека потпишале продолжување на соработката со челниците на тркачката серија.

Трката е домаќин на врвот на моторспортот од 2016 година, првата година се одржуваше под името Европско Гранд При, а неизвесноста секогаш е нејзин составен дел. Трката низ Баку е единствената каде последните две години на подиумот има возач кој не е дел од топ 3 екипите.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Актуелниот договор на трката истекува следната година, но на конференција во Баку, Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс и Министерот за млади и спорт на Азербејџан, Азад , потпишаа продолжување на соработката.

задоволни сме што го пдоролживме договорот по што големата награда на азербејџан ќе биде дел од формула 1 првенството во иднина. за кусо време оваа трка стана една од најпопуларните во сезоната поради тоа што секогаш носи блиска борба и спектакуларно тркање.

азербејџан им дава возбудливо добредојде на сите во формула 1 со прекрасниот баку за едно од најголемите мотор шоу настани во светот – изјави чејс кери.

Големата награда на Азербејџан за ланското издание го промени датумот и наместо во Јуни се одржа во Април. Годинешното издание е закажано за 28 Април. Министерот Рахимот откри дека продолжувањето на соработката никогаш не била доведена во прашање затоа што новиот договор ќе можело да се максимизираат комерцијалните приходи преку поголема вклученост на фановите и нов пристап кон спонзорите.

ова е ден за гордеење за нас. последните неколку години на сите луѓе од баку им се оствари сонот гледајќи го растот на нашиот тркачки викенд од обична идеа во една од најдраматичните трки во календарот. веќе сме биле домаќини на некои од највозбудливите моменти.

понатаму, секоја година гледаме се повеќе фанови од целиот свет како доаѓаат на трката и се презадоволни од организацијата – посочи рахимов.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.