Аеродинамичките промени се голем чекор

124

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, верува дека аеродинамичките промени изгласани неделава, а кои треба да се имплементираат од 2019 година се значаен чекор за тркачката серија.

Формула 1 Комисијата во Понеделник изгласа поедноставен аеродинамички пакет за 2019 година вклучително и поедноставно предно крило, пошироко и подлабоко задно крило како поедноставени вшмукувачи за воздух за ладење на сопирачките. Сето тоа е направено за да се подобри тркањето и покрај тоа што некои екипи се противеа на предлозите.

По првите четири трки од сезоната одредени возачи и тимови се жалеа поради тешкотијата со која ги следат болидите пред себе и тешкотијата со која се спроведуваат претекнувањата.

Мораме да ја потенцираме потребата од наоѓање начин да ги развиеме правилата за да ги направиме болидите подобри за трка во секакви услови.

Одлуката на Стратегиската Група и Формула 1 Комисијата која треба да биде потврдена од Светскиот Мотор Спорт Совет при ФИА ќе одобри одредени аеродинамички модификации со цел поблиско тркање и повеќе претекнување следната сезона, што е многу важно за спортот.

Исто така е многу важно да се забечежи дека одлуката беше донесена по период на интензивно следење и истражување на предлозите од страна на ФИА кои ние како Формула 1 ги поддржуваме, исто како и мнозинството тимови.

Одлуката покаа добар начин да се работи заедно за подобра и поспектакуларна Формула 1 што е нешто што сите го сакаме – заврши Рос.


Аеродинамичките промени се голем чекор

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>