Аеродинамичките промени за 2019 и официјално одобрени

127

Светскиот моторспорт совет при ФИА ги одобри аеродинамичките промени во Формула 1 кои треба да бидат имплементирани од 2019 година. Шефовите на тркачката серија ги презентираа промените уште во Април, а мнозинството од екипите ги прифатија истите со цел да се олесни следењето и зголеми претекнувањето на трките.

Несогласување постоеше од одредени екипи поради тоа што некои од екипите веќе се длабоко навлезени во дизајнирањето за болидите за следната сезона, така што истото ќе мора да се менува.

Промените ќе бидат најзначителни на предното крило, поедноставни ќе бидат вентилите на предните сопирачки, нема да има мали крилца на предниот спојлер, задното крило ќе биде пошироко и подлабоко, така што ќе се зголеми и местото за ДРС системот за дополнително намалување на влечната сила.

Следуваат предлог и за промени кај правилата од 2021 година, нешто со што тимот на Рос Браун се бави веќе подолго време.


Booking.com

Аеродинамичките промени за 2019 и официјално одобрени

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>