Австрија, Т2: Мерцедес не го дава врвот

410
   

Нови 90 минути на Ред Бул Ринг и нови најбрзи времиња од возачите на Мерцедес. Луис Хамилтон постави најбрзо време, побрзо за околу 4 секунди од утринското, а овој пат Валтери Ботас заостана зад него речиси 18 стотинки. Себастијан Ветел повторно трет со половина десетинка зад финецот.

Следуваа двата болиди на Ред Бул, а овој пат Даниел Рикардо беше побрз за цела десетинка од Верстапен, а 6то време имаше Кими Раиконен. Следуваа возачите на Хаас кои се одлични и во иста секунда со Луис Хамилтон. Роман Гросжан со 7мо време, Кевин Магнусен 13 стотинки зад него. Најбавни во топ 10 беа Пјер Гасли и Стофел Вандорн.

Ленс Строл со својот Вилијамс беше единствен со повеќе од 2 секунди заостаток во однос на најбрзото време на сесијата.

Брендон Хартли со своето Торо Росо комплетираше фантастични 55 кругови, а на тоа ниво беше и Себастијан Ветел со своите 53 кругови. Најмалку возеше Маркус Ериксон кој успеа да ја “сврти“ патеката 29 пати.


Австрија, Т2: Мерцедес не го дава врвот

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>