Луис Хамилтон вторите 90 минути ги заврши онаму каде што ги заврши и првите 90 минути, на врвот од поредокот.

Најдоброто време на сесијата кое го постави актуелниот првак беше за 5 стотинки побрзо од она што го извозе неговиот колега.  Трето време, но со 8 десетинки заостаток имаше Макс Верстапен кој пак беше само 4 стотинки пред својот колега. Фетел на Ферари имаше 5то време, а зад него беа Кими Раиконен и Нико Хулкенберг кои беа последни со помалку од секунда заостаток.

Дебитантите Алексндер Албон и Ландо Норис беа единствени со над 2 секунди заостаток, додека возачите на Вилијамс заостанаа над 3 секунди.

Кими Раиконен и александер Албон успејаа да комплетираат дури по 40 кругови за 90 минути, додека возачите на Мекларен по само 26.

 


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.