Луис Хамилтон постави најбрзо време на последните 60 минути пред квалификациите и беше побрз од двата болиди на Ферари.

Стсаро-новиот првак постави време кое беше 3 десетинки побрзо од она што го извозе Кими Раиконен, додека второт Ферари возено од Фетел беше дополнителни 15-тина стотинки позади. Макс Верстапен псотави 4то време, но беше речиси 6 десетинки зад Хамилтон, додека вториот Мерцедес беше уште 2 десетинки позади.

Даниел Рикардо постави 6то време, но пред крајот на сесиајта го паркираше својот болид крај патеката откако очигледно дека имаше проблеми со истиот. Роман Гросжан повторно најдобар од останатите иако имаше контакт со Пјер Гасли кон крајот на предвидените 60 минути, а зад него беа двата болиди на Рено. Следуваа двете розеви Форс Индии.

Стофел Вандорн и Сергеј Сироткин најбавни, белгиецот со повеќе од 3 секунди заостаток, а русинот над 4.

Најбавниот Сироткин комплетираше дури 22 кругови и беше најактивен на сесијата, додека Окон иако имаше 10то време имаше проблеми и “сврти“ само 7 кругови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.