Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, го постави најбрзото време на вторите 90 минути по Јас Марина, но Верстапен беше многу блиску до него.

Времето на финецот беше за нецели 5 стотинки побрзо од кругот на Макс Верстапен, додека втроито Ред Бул, возен од Даниел Рикардо, беше две десетинки зад Ботас. Луис Хамилтон постави 4то време и заостана само 15 илјадити делови од секундата зад австралијанецот.

Следни во поредокот беа возачите на Ферари, Кими Раиконен заостана нешто повеќе од 2 десетинки, а Фетел беше десетинка зад него. Следуваа Гросжан и Хулкенберг кои беа последно со помал заостаок од секунда, а во топ 10 влегоа и Магнусен и Окон.

Возачите на Вилијамс беа најбавни, а Сергеј Сироткин беше единствен со поголем заостаток од три секунди.

Кими Раиконен со своето Ферари беше најактивен со 40 комплетирани кругови, додека Стофел Вандорн извозе само 18.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.