Абитебул свесен за предизвикот

67
   

По позитивниот почеток на сезоната, воачите на Рено, Карлос Саинз и Нико Хулкенберг завршија надвор од поени во Австрија, а тоа беше прва трка на французите без поени оваа тркачка сезона. Хулк се повлече од трката откако во 14от круг неговиот мотор најпрво почна да чади, а потоа и се запали, додека Саинз заврши на 12то место откако се мачеше со гумите.

Сирил Абитебул е свесен дек викендот во Австрија не бил доволно добар и дека во иднина мораат подобро.

По серијата од осум последователни трки на кои освојуваме поени, вклучително и нашата домашна трка во Франција, Австрија беше како присилно приземјување. Иако патеката не беше добра за нас, моравме подобро.

Трката не се одвиваше како што сакавме, а секако им одеше во прилог на нашите ривали кои ги искористија предностите од трите откажувања во топ 3 екипите и завршија многу повисоко од вообичаено можното – анализира Абитебул.

Французинот смета дека најдобрите екипи можат лошиот викенд да го претворат во одличен резултат веќе на следниот, иако има многу кус период помеѓу трките. Тој се надева на двојни поени и задржување на челото од средината на поредокот.

Големите тимови имаат способност да реагираат многу брзо и да се врќаат посилни. Иако има малку помеѓу трките во Австрија и Силверстон, мораме да ја подобриме издржливоста и да ја вратиме вообичаената конкурентност разбирајќи го повеќе менаџментот на гумите.

Знаеме дека Силверстон ќе биде многу тежок предизвик за нас, но ќе притискаме за да стигнеме до целта. ОВае воедно наша втора домашна трка затоа што сме многу блиску до нашата фабрика така што двоен финиш во поени би бил повеќе од добредојден – посака Абитебул.


Абитебул свесен за предизвикот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>