Абитебул сака поголема брзина во боксот

67
   

Францускиот шеф на Рено има свои желби кога се работи за новите правила кои треба да стапат на сила од 2021 година. Сирил Абитебул сака полесни болиди како и поголема дозволена брзина на минување низ боксовите.

Правилата во моментов дозволуваат 80 километри на час во линијата пред боксовите, но Сирил сака зголемување на барем 100 километри на час.

Процесот на менување на гуми ќе се забрза 2-3 секунди, а тоа ќе донесе повеќе менувања во текот на трката затоа што загубата ќе биде помала – изјави Абитебул за Auto Motor und Sport.

Годинава имаше неколку инциденти во боксовите, а најголем беше во Бахреин кога Кими Раиконен прерано доби знак да тркгне и повреди еден механичар на Ферари. Сепак, тоа немаше никаква врска со брзината во боксовите.

Во 1990-тите и раните 2000-ти години, имаше возачи кои навистина се мачеа со болидите затоа што истите беа многу лесни. Од 2010 година тежината се зголеми од 500 килограми на 620 килограми, а од доаѓањето на хибридните мотори, тежината константо се зголемува.


Абитебул сака поголема брзина во боксот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>