Абитебул: Полесно беше да потпишеме со Рикардо отколку со Саинз

205
   

Шефот на , Сирил Абитебул, смета дека борбата на Ред Бул за Карлос Саинз направило за нив да биде многу полесно да потпишат со Даниел Рикардо одошто со младиот шпанец. Французинот објасни дека тие сакале да го продолжат договорот со Карлос уште за време на трката во Франција во Јуни, но Ред Бул не сакале нити да преговараат.

Почувствувавме дека постои нешто помеѓу Рено и Карлос, што е чудно, затоа што на крајот полесно потпишавме со Рикардо. Полесно се договоривме со австралијанецот одошто со Саинз затоа што Ред Бул го блокираше секој наш обид за договор со возачот.

Искрено, доколку Ред Бул немаше таква позиција за Карлос, резултатот ќе беше поинаков, по Франција ќе го потврдевме Саинз, но Ред Бул не сакаа да попуштат. Имаа право на тоа, но на крајот поради тоа го загубија Рикардо.

Секако дека тоа не е тоа што го очекуваа, но потпишавме со Даниел како резултат на нивното жестоко противење за Карлос во моментот – ја објасни целата ситуација Абитебул.

Карлос ќе продолжи да има врски со Рено затоа што неговата следна екипа, Мекларен, се трка со мотори на Рено. Следната сезона шпанецот ќе вози рамо до рамо со дебитантот Ландо Норис/

Сигурен сум дека Саинз ќе има голем удел во преродбара на Мекларен и ќе продолжи да ги користи нашите мотори. Не мислам дека ставивме точка на нашта соработ,а затоа што сметам дека ќе имаме заеднички работи во иднина.


Абитебул: Полесно беше да потпишеме со Рикардо отколку со Саинз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>