Шефот на , сирил , изјави дека нема да жали по јавните критики кои ги добиваа од последните неколку години, особено од двајцата главни во Милтон Кинс, Кристијан Хорнер и доктор Хелмут Марко.

Ланската сезона беше последна од соработката на двете компании, Ред Бул се решија да минат на мотори од јапонска Хонда за следните две години, додека Рено ќе остане со две екипи со нивни мотори на гридот. Пред стартот на турбо хибридната ера, односно од 2010 до 2013 година, Ред Бул е Рено доминираа со спортот освојувајќи 4 двојни последователни шампионски титули.

една од причините поради која не жалиме многу по ред бул е едноставно тоа што тие ја контролираа комуникацијата, а ние моравме да реагираме. не бевме еднакви партнери затоа што тие се многу помоќни од нас во однос на комуникацијата. константно бевме на “погрешна нога“, комуникацијата секогаш беше на нивна страна, а за жал живееме во свет во кој вревата и комуникацијата се реалност.

да биде јасно, ситуацијата со нашиот мотор сеуште не е идеална, но не е нити лоша и можам да ви потврдам дека ќе бидеме многу посилни од лани – откри абитебул.

Иако последните неколку години од нивната соработка беа далеку од добри, Сирил е искрен кога вели дека извлекле многу позитивни работи од нивната меѓусебна соработка и добиле можност да напредуваат со својот сопствен болид.

имаше позитивни работи од врската со ред бул, а доколку би требало повторно да почнеме, искрено не би менува ништо. мислам дека беше одлично што ги иамвме ред бул последните три години во кои се вративме со фабричка екипа затоа што тие се способни да покажат што навистина може нашиот мотор, без разлика дали се тоа позитивнтие или негативните работи.

мекалрен од друга страна беа под илузија, а кога таа невистината илузија ќе престане, вистината почнува да боли. сега немаме илузија и не сонуваме. се наоѓаме токму онаму каде што сакаме со шасијата и моторот, но мислам дека созреваме и многу подобро ги разбираме добрите и лошите страни. го губиме ред бул, но добиваме можност да се фокусираме, да ја контролираме комуникацијата, нашиот имиџ, нашата брина, инвестицијата и развојот. да се добие контрола над се беше примарна работа при враќањето со фабрича екипа во спортот – заврши абитебул.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.