Сирил , при промоцијата на новиот болид на Рено не откри премногу за новиот мотор, но призна дека напредокот е значителен.

Лани францускиот мотор беше зад оној на Скудерија и Мерцедес и беше најслаб дел од паметот на Ред Бул, но вложувањата во развојот и новиот дизајн многу го подобриле истиот.

не можам да кажам никакви бројки, но напредокот е значителен. ќе кажам дека е најголем напредок во турбо хибридната ера за нас.

се работи за нов мотор, концепт кој лани го тестиравме успешно преку ред бул, попозната како ц-спецификација, мотор кој ние како фабричка екипа не го возевме.

добивме доволно информации и доволно фидбек од ред бул, така што само продолжуваме со истиот концепт годинава – откри сирил.

Фабричката екипа влегува во 4та година откако се вратија во спортот и претпоследна година од петгодишниот план да се вратат на победничките патеки. Следната сезона е планирана борба за подиуми, но Абитебул се надева дека тимот следните 10 месеци ќе покажат дел од својот потенцијал.

за да продолжиме со напредокот ни треба успешна приказна годинава. лани имавме успешно првенство и мислам дека е фер да се каже дека за повеќе напредок ќе ни треба време, тоа е јасно и ние сме доволно скромни да го признаеме тоа.

важно е да имаме блесоци и да покажеме дека амбициите ни се во ред. сакам да верувам дека напредокот ќе се однесува предимно на моторот каде имавме навистина многу силна зима, така што очекуваме силна сезона.

во однос на шасијата од енстон, имаме поставено одлична структура, но ќе ни треба време за победнички болид – заврши абитебул.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.