Абитебул: Мора да бидеме повеќе агресивни, брзи и паметни

65
   

Додека неговите возачи и Алан Прост креваат паника, тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, ја креира стратегијата за 2019 година притоа признавајќи дека неговите инженери мора да извлечат повеќе моќ од нивниот пакет, особено при квалификациите.

За дефицитот кон Мерцедес и Ферари, Абитебул го истакна следното:

Разликата не е намалена, дури и се зголеми малку. Размислувајќи за 2019 година, мора да бидеме повеќе агресивни, брзи и паметни, мора да размислуваме поинаку.

Знаете, Формула 1 често е претставена како спорт каде што луѓето се на второ место, додека се останато зависи од машините, но во реалноста, не постои ниту еден друг спорт во кој се инволвирани толку многу луѓе. Ние имаме 1200 инволвирани – вели Сирил.

Моќта на Рено, или недостатокот од истата, долго време е проблем помеѓу Ред Бул и француската екипа, а Макс Верстапен е прилично вокален околу агрегатот во задниот дел на неговиот болид. Како одговор на тоа, Абитебул го нападна Верстапен, тврдејќи дека тој е единствениот возач од сите возачи кој се жали за моторот.

Неколку денови подоцна, неговиот возач, Нико Хулкенберг, истакна дека недостатокот на подобрувања на РС18 е причина за лошата форма, а потоа и јавно ги истакна своите грижи по лошите квалификации, во кои сите шест возачи кои користат мотор на Рено, со исклучок на Верстапен, не влегоа во К3, додека Мекларен беа најбавни од сите на гридот.

Изјавата на Хулкенберг беше поддржана и од Алан Прост, додека Карлос Саинз, кој стигна до еден поен во Сузука, исто така го посочи недостатокот на коњски сили.

По Сочи, Сузука беше уште еден доказ дека нашата форма во трка е конкурентна во овој момент од развојот. Покажавме дека агрегатната единица е способна да изведе одлични работи во услови на трка, на патеки каде што моќта е важна, како Сузука, а Ред Бул се бореа за второ место во тие услови.

Јасно е што треба да се поправи, а тоа е нашата форма во квалификациите. Можеме да забележиме дека мала разлика може да игра голема улога помеѓу старт од 7мо место и 14то.

Апсолутно мора да најдеме решение за тоа и да го вратиме болидот каде што припаѓа на патеки кои треба да ни одговараат – инсистира Абитебол.


Абитебул: Мора да бидеме повеќе агресивни, брзи и паметни

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>