Абитебул: За успех се потребни повеќе пари

90

Сирил Абитебул призна дека на фабричката екипа на Рено ќе и требаат повеќе пари односно поголем буџето доколку навистина сака да се трка за титула во Формула 1. Французите се вратија со својата екипа во 2016 година и константно се подобруваат, а во моментов се 4та најдобра екипа во поредокот, зад неприкосновените топ 3.

На крајот од својот амбициозен петгодишен план, Рено има цел да стигне рамо до рамо со ривалите кои подолго време се во спортот под актуелните правила.

Точно е дека ресурсите се потреби и ќе мораме да проаботиме на тоа. Неопходно е да пораснеме во сите области, луѓе инвестиции, односно да имаме поголем буџет. Ако завршиме на 4то место наместо на 6то, ќе добиеме повеќе пари, а спонзорите повеќе ќе го сакаат нашиот проект, со еден збор ќе станеме попривлечни.

Четврдо место ќе ни донесе креидбилитет, затоа што во Формула 1 успехот носи поголем успех, тоа е кругот во кој треба да влеземе за да се бориме за титула – призна Сирил.

Абитебул откри дека компанијата имала огромен предизвик во сегашните правила за моторите и им било многу тешко дасоздадат конкурентен мотор.

Инеженрскиот предизвик е преголем и проади тоа хонда имаше толку големи проблеми. Исто така тука се и оние кои ги толкуваат правилата на посебен и различен начин за да се здобијат со дополнителна моќ.

На пример, согорувањето на масло. Да го изберевме тој пат, дефинитивно сега ќе имавме многу повеќе перформанси.


Абитебул: За успех се потребни повеќе пари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>