Абитебул го поддржува Волф за тимските наредби

74
   

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, вели дека Тото Волф е во право што користи тимски нарредби во оваа критична фаза од првенството во 2018 година.

Волф придонесе кон контроверзија во Сочи преку наредба за Валтери Ботас да го пропушти првото место на тимскиот колега, Луис Хамилтон. Ботас повторно беше во помошна улога и во Сузука. Тоа не помина добро кај фановите, но Абитебул инсистира дека тоа е единствената одлука за Мерцедес во овој момент од сезоната.

Кога ќе погледнете на економската стрктура на Конкорд Договорот, постои огромна предност ако се освои шампионската титула. Во исто време, сите го паметат името на возачот кој ќе стане шампион, така што прашањето е како да ги балансирате овие два фактори – вели Абитебул.

Моментално, Хамилтон има предност од 67 поени пред Себастијан Фетел во пласманот. Доколку тој победи на следната трка во Остин, Фетел мора да се пласира на второ место само за да ја продолжи борбата за титулата до трката во Мексико.

Но, работите не се толку јасни во првенството на конструктори, иако Мерцедес има предност од 78 поени пред Ферари на четири трки до крајот.

Како Мерцедес ја менаџира ситуацијата изгледа како најдобра опција. Подобро е да бидете целосно транспарентни во однос на правилата во екипата – додаде Абитебул.

40-годишниот французин не секогаш бил толку опуштен во својата перспектива за Мерцедес. Абитебул признава дека блиската врска на Естебан Окон со Мерцедес е главна причина зошто Рено одлучиле да не потпишат со него за 2019 година, а наместо тоа го избраа Даниел Рикардо од Ред Бул.

Имаме сериозен проблем што тој е возач на Мерцедес. Би можеле да работиме со него на краток и среден рок, но тој мора да биде еклсклузивно возач на Рено. Верувајте ми, Естебан е многу талентиран и ќе остане во Формула 1 – смета Абитебул.

Сепак засега изгледа дека одлуката на Рено е да не му понудат место. Поранешниот технички шеф на Рено, Боб Бел, потврди оваа недела дека Карлос Саинз бил префериран за 2019 година. Саинз е моментално на заем во Рено од Ред Бул, кои блокираа целосен трансфер на шпанецот.

Многу е тешка ситуација за нас. Ако Ред Бул ја искористеа нивната опција над Саинз, немаше да можеме да сториме ништо. Кога Рикардо стана опција, моравме да одлучиме.

Штета е што Фернандо си заминува од Формула 1. Уште потажно е што си заминува со само две титули, бидејќи лесно можеше да има 4 или 5. Но тоа е нормално. Постојат млади и талентирани возачи кои доаѓаат во Ферари и Ред Бул наредната година – вели Бел.


Абитебул го поддржува Волф за тимските наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>