Пирели смета дека едно застанување е најбрзо

89

Снабдувачот со гуми во Формула 1 смета дека најбрза стратегија заденешната трка е едно застанување во бокс. Италијанците се решија за софт, медиум и хард компонентите на Силверстон, а една од најтврдите две е задолжителна во текот на 52та круга во Британија.

Сите возачи од најбрзата десеторка ќе почнат на софт гуми со кои од К2 минаа во К3, а останатите имаат слободен избор на гумите за старт.

Пирели смета дека возење софт 16-19 кругови, а потоа медиум е најбрз пристап за трката. Алтеернативна стратегија е скратување на првата серијасофт на 13-16 кругови пред ставање на хард компонентата за остатокот од трката.

Тркачкиов викенд се забележани многу високи температури во Британија, а температурата на асфалтот стигнува и до 50 степени, по што екипите сериозно размислуваат и за две влегувања во боксот поради прекумерното трошење на гумите.

Во однос на стратегија со две застанувања, Пирели предлага ве серии од по 12 кругови на софт, а потоа медиум.


Пирели смета дека едно застанување е најбрзо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>