Хамилтон: Ова навистина ми требаше

252

Луис Хамилтон е полн со пофалби за својата екипа во момент кога Мерцедес дојде до “окупација“ на првиот стартен рд, прв пат оваа година. Хам освои пол позиција и во Мелбун, но одтогаш нема победа во Сабота, а годинешната победа на квалификациите во Барселона е 6та по ред за Мерцедес.

Имавме една пол позиција сезонава, но одтогаш немавме добри квалифиакции. Беше важно за мене да се вратам во ритам на квалификациите затоа што тоа е моја силна страна и дефинитивно е многу важно да се стартува од напред. Среќен сум со оглед на добрата недела што ја имав во пресрет на трката, така што задоволен сум од перформансите на болидот.

Тимов навистина многу се мачеше и се бореше, но сигурен сум дека има многу луѓе кои не сфаќаат дека минатите трки констатно учевме многу. Да се дојде овдека и да се стигне до 1-2 на квалификациите е само потврда на работата која ја прават сите – објасни Хамилтон по крајот на сесијата.


Хамилтон: Ова навистина ми требаше

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>