Џин Хаас не лета во облаци

76

Сопственикот на тимот Хаас Ф1, американскиот претприемач Џин Хаас, е задоволен со постигнатиот двоен пласман во поени, највисок во историјата на тимот. Сепак, американцот предупреди дека не би се возбудувал многу порадид тоа.

Роман Гросжан и Кевин Магнусен завршија на 4то односно 5то место на Ред Бул Ринг што е прв двоен пласман во поени сезонава и највисок за нив во тригодишното постоење. Фантастичниот резултат дојде на јубилејната 50та трка за екипата.

ВФ18 беше одличен на квалификациите, Роман имаше побрзо време дури и од Даниел Рикардо, а Магнусен беше 8ми. Двајцата ги задржаа свотие позиции и ги искористија откажувањата во Мерцедес и Ред Бул по што стигнаа до резултатот.

Не би се радувал претерано многу за успех на една единствена трка. Во тркањето има многу различни денови и различни резултати – појасни Џин во својата изјава за ESPN.

Џин треб да е презадоволен затоа што неговата екипа дојде до фантастичен резултат во момент кога се мачат со резервни делови, но перформансите не изостануваат од почетокот на првенството. Неискуството им ја одзема можноста да бидат константно како Рено кои се предводници на средината од поредокот.


Џин Хаас не лета во облаци

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>