Јос: На Макс му требаше подиумот

70

Јос Верстапен, таткото на Макс Верстапен, смета дека подиумот на неговиот син во Шпанија било токму тоа што му треба на возачот по серијата од неколку тешки трки. И покрај оштетувањето на предното крило за време на Виртуелното безбедносно возило, холанѓанецот успеа да дојде до подиум и да го задржи Себастијан Ветел од Ферари зад себе.

Подиумот беше нешто што навистина му требаше и се случи во вистински момент пред трката во Монако и дефинитивно му влева многу самодоверба.

На стартот тој ен превзема никаков ризик и беше многу кул, а времињата му беа солидни од почетокот на трката така што беше одличен цела трка и таков треба да го гледаме секој тркачки викенд – изјави Јос за Ziggo Sport.

Постариот Верстапен е свесен дека РБ14 може да предизвикува за победи на трка, но исто така знае дека перформансите на квалификациите се послаби во однос на Мерцедес и Ферари поради моторот на Рено.

Секако дека подиум е фантастична работа, но секогаш сакате повеќе. Болидот има посилни перформанси на трка одошто на квалификации, така што ако стигнеме до првиот ред на квалификации, можеме да победуваме многу често.

Она што конкурентите го прават со моторот се вика “детонирање“. Може да го прават тоа со моторот само неколку минути и тоа секогаш го прават во К3 на квалификациите. Рено целосно се загубени во врска со тоа и не знаат како да го реашт тоа, поради што квалификациите се фрустрирачки.

Имаме шанса за победа во Монако затоа што моторот не е толку важен таму поради кусите правци. Мораме да се осигураме дека нема да “зезнеме“ нешто, дека болидот ќе биде добро сетиран и дека ќе ја имаме потребната самодоверба за таа патека.

Болидот е добар на патеките со малку грип, тоа стана јасно од Барслона односно последниот сектор таму каде нашиот болид беше најдобар. Слично ќе биде и со Монако со тамошните кривини така што имаме шанса – смета Верстапен постариот.


Јос: На Макс му требаше подиумот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>