Шпанија, Т2: Мерцедес повторно најбрз

436

Мерцедес повторно беа најбрзи и на втората денешна тренинг сесија, откако Луис Хамилтон го подобри утринското време на Ботас возејќи 1.18.259. Само 13 стотинки зад него беше Даниел Рикардо чиј болид беше оспособен по сударот на првата сесија, додека неговиот колега Макс Верстапен заостануваше дополнителни 13 стотинки зад него.

Четврто време со половина десетинка зад Макс имаше Себастијан Ветел со своето Ферари, по него беа Ботас и Раиконен и тоа беа единствените шесторица во иста секунда. Седмо и осмо време имаат возачите на Хаас, Гросжан побрз од Магнусен за 6 стотинки, Стофел Вандорн на Мекларен беше 9ти, а следни двајца беа возачите на Форс Индија.

Возачите на Вилијамс повторно последни со над 3 секунди заостаток, но над 3 секунди беше и Брендон Хартли.

Во однос на бројот на круговите, дури 43 имаше Нико Хуленберг од Рено, два повеќе од Даниел Рикардо на Ред Бул. Најмалку, само 16 комплетираше Кими Раиконен поради тоа што по половина час беше повлечен во боксот, а шпекулациите велат дека имал некој проблем со моторот.

Серхио Перез се паркираше на 9от свиок поради разлабавено предно лево тркало, Леклер се прошета крај патеката, но излезе без проблеми, исто како и Раиконен. Роман Гросжан имаше судар и болидот со камион беше пренесен во гаражата

 


Шпанија, Т2: Мерцедес повторно најбрз

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>