Шпанија, тест: Верстапен најбрз на првиот ден

191

Макс Верстапен со својто Ред Бул имаше најбрзо време првиот ден од првиот сезонски кој годинава се одржува на автодромот крај Барселона во Шпанија. Холанѓанецот постави време од 1.17.528 што беше за само 3 стотинки побрзо од она на Карлос Саинз од Рено, додека Себастијан Ветел со 13 стотинки псотави 3то време.

Роман Гросжан беѓе најбрз на половина од денот, но со тоа време беше само 4ти на крајот од денот со 9 десетинки заостаток. Цела секунда со 5то време заостана Нколас Латифи, додека зад него со 13 илјадитинки побавно време беше Луис Хамилтон.

Стофел Вандорн заостана 1,5 секунди и беше 6 десетинки пред Антонио Џовинаци, а потоа се пласираше Оливер Роуланд.

Ландо Норис имаше 10то време, Џорџ Расел беше зад него, а Оливер Турви беше 13ти, но тие спроведуваа тест програма за Пирели.

Во однос на бројот на круговите, Хамилтон имаше 151, Верстапен комплетираше 148, Ветел 136 и еден повеќе од Антонио Џовинаци кој денеска тестираше за Заубер.


Шпанија, тест: Верстапен најбрз на првиот ден

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>