Шпанија, тест: Ботас најбрз на вториот ден

229

Можеби нема победа од почетокот на сезоната, но Валтери Ботас имаше најбрзо време на вториот ден сезонски во Барселона. финецот го подобри вчерашното постигнување на Макс Верстапен и успеа да комплетира круг за 1.16.904 што беше за само 7 стотинки побрзо од времето на Антониот Џовинаци кој вчера беше во Заубер, а денеска во СФ71Х на Ферари. Тие двајца беа единствени кои комплетираа круг побрзо од 1 минута и 17 секунди.

Лано Норис имаше надежно 3то место со своето време, но беше повеќе од 1,1 секунди од времето на Ботас, додека 4то време со 2 десетинки зад него беше Кевин Магнусен од Хаас. Следуваше Мазепин кој денеска тестираше Форс Индија, Аиткин кој денеска тестираше Рено, а потоа Леклер, Кубица и Гасли.

Стофел Вандорн беше 10ти, а Николас Латифи 13ти, но тие тестираа за Пирели.

Италијанецот Џовинаци беше најактивен на патеката со фантатични 148 кругови во болидот на Ферари, 9 повеќе од она што го комплетираа Ботас и Леклер. Џејк Денис во премиерата во Ред Бул имаше само 75 кругови, додека Гасли и Гелаел го поделија денот за Торо Росо и имаа 39 односно 83 кругови.


Шпанија, тест: Ботас најбрз на вториот ден

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>