Шпанија непознаница за Раиконен

520

Кими Раиконен е загрижен дека влегува со многу непознати во трката откако ги пропушти долгите стинтови на тренингот во Петокот поради проблемите со моторот, кој беше предвреме заменет во пресрет на саботната програма.

Финецот ќе стартува од вториот ред, односно од 4та позиција позади неговиот колега Ветел и двајцата возачи на Мерцедес. Тој кој има три подиума во последните четири трки оваа сезона и го имаше најдобриот старт на сезона од 2013 година, но сега се плаши дека има многу непознати во однесувањето на гумите и сетапот на болидот откако пропушти дел од Т2 пореди проблем со моторот.

Ферари превентивно го променија моторот на Раиконен откако имаше проблем и со тоа се срушија плановите за трката.

Не возев долги стинтови и тоа е непознато за мене. Бевме добри, но можевме да сме подобри на квалификациите. Ќе видиме што ќе се случи утре. Да бидам искрен ќе биде тешко. Гумите се променети од некаква причина и не се исти како претходно. Секако не може да се спореди со зимата. Тогаш имавме и долги тестови на доста ладно и се е различно – објасни Кими.

Раиконен минатата година предвреме ја заврши трката откако се судри со Макс Верстапен во првиот круг.


Шпанија непознаница за Раиконен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>