Шпанија, квалификации: Луис ја донесе 90та пол позиција на Мерцедес

764

Луис Хамилтон стигна до својата 74та пол позиција во кариерата откако последниот квалификациски сегмент им “кидна“ на Ферари кои доминираа во К1 и К2. Во исто време ова беше јубилејна 90та пол позиција за Мерцедес и нивна 53та “окупација“ на првиот ред откако Валтери Ботас заостана само 4 стотинки. Вториот ред за Ферари, третиот за Ред Бул, а Кевин Магнусен најдобар од останатите.

По првите 18 минути, Ветел со своето Ферари беше на врвот, а позади него имаше празнина во вид на 4 десетинки. По него Верстапен, па Кими Раиконен, Риакрдо, Хамилтон и Ботас, единствени во иста секунда.

По силниот судар на крајот на Т3, јасно беше дека Брендон Хартли нема да може данастапи на квалификациите поради тоа што неговиот Торо Росо беше целосно уништен.

Најбавни на К1 беа Сироткин и Строл, но русинот имаше круг за половина секунда побрз од Ленс, кој пак беше единствен со над 3 секунди заостаток. Две десетинки пред Сироткин беше Маркус Ериксон, но кругот на швеѓанецот беше цела секунда побавен од оној на тимскиот колега Шарл Леклер. Во првиот дел од квалификациите отпада и Нико Хулкенберг кој имаше 16то време, 4 стотинки побавно од Стофел Вандон кој во последниот свој обид се подобри и го исфрли германецот.

Вториот дел од квалификациите во трање од 15 минути го отворија возачите на Хаас, најпрво се појави Магнусен, а по него и Гросжан. Ферари на врвот и во овој дел, пред двата болиди на Мерцедес, а потоа и ред Бул. Сити 6 возачи од најдобрите три екипи ќе ја почнат утрешната трка на жолтиот софт.

Крајот на квалификциите во овие 15 минтуи беше за Вандорн, Гасли, Окон, Леклер и Перез. Мексиканецот беше 2,3 секунди побавен од најбрзото време и 15 стотинки побавен од Шарл Леклер на Заубер кој ќе стартува пред него. Естебан Окон беше 3 десетинки побрз од својот тимски колега, но и 3 десетинки побавен од Пјер Гасли кој ќе почне како 12ти. Пјер од друга страна беше повеќе од десетинка зад Стофел Вандорн кој имаше 1,5 секунди зад најбрзото време.

Мекларен во овој период ги поделија стратегиите, Алонсо возеше на побрза компонента и затоа постави 3 десетинки пборзо време кое за прв пат сезонава го носи во последниот квалификациски сегмент во траење од 12 минути.

По првата серија квалификациски кругови во последниот дел, Хамилтон беше најбрз, нешто повеќе од три десетинки пред двата болиди на Ред Бул, а Валтери ботас беше 4ти. Болидите на Ферари немаа идеални кругови и беа разделени од Фернандо Алонсо со својот Мекларен.

Рикардо прв го комплетираше својто втор летечки круг и го подобри своето време за само две илјадитинки, но возеше на софт компонентата. Ферари исто така се решија за летечки кругови на софт, додека Мерцедес и Макс Верстапен имаа дополнителен обид на суперсофт. Сите петорица го подобрија своето време, но Хамилтон со 1,16,173 остана на врвот со само 4 стотинки пред Ботас. Вториот ред го окупира Ферари, Ветел заостана 13 стотинки, а Кими 3 десетинки зад него. Третиот ред за Ред Бул, 7мо место за Кевин Магнусен, 45 илјадитинки пред Фернандо Алонсо. Карлос Саинз и Роман Гросжан ќе тргнат од 5от стартен ред.


Шпанија, квалификации: Луис ја донесе 90та пол позиција на Мерцедес

12 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Valdet Ademi
    Valdet Ademi
    Остави коментар

    Cestitki Mercedes AMG, Cestitki Lewis. Srekjno na utreSnata trka, iako kje mora da se vnimava na razliCnata strategija na Ferrari!
    P. S. SluSam ‘plaCenje’ zaradi izmenata na gumite od Pirelli… Prosto neverojatno oti ne se germanci, tuki italijani! :O

  • Valdet Ademi
    Valdet Ademi
    Остави коментар

    Jas gi spomnuvav uporno nadgradbite.. Mercedes AMG sekako nemaSe da ostavat na sluCajnosta i so novite nadgradbi eve go i rezultatot vednaS stigna so 1-2 na deneSnite kvalifikacii. SluCajnost se novite gumi na Pirelli, koi se znaeSe deka kje stignat za evropskiot del na trkite!

  • Марјан
    Остави коментар

    Се забележува дека мерцедес ќе стартува со супер софт, кои ќе држат максимум 5 круга, а можеби ни толку, додека ферари одбра софт компонента, која може да издржи и 25-30 круга.
    Замислете ако има безбедносно возило набргу по промената на медиу м гуми, кои ќе ги стави ферари по 30 круга и ќе ги смени по 5 круга со нови софт. Мерцедес во тој случај ќе дува у ауспух со таа стратегија.Супер софтот се само за квалификации, а мора да се спомене дека првите 10 стартуваат со тие гуми кои ги возеле последни на К3. Ќе биде ,,држ ме мајко,, утре