Шпанија: Доминантна 1-2 за Мерцедес

682

Луис Хамилтон стигна до својата 64та победа во кариерата, свој 30ти последователен подиум, кој патем беше 121ви за него во кариерата. Мерцедес стигна до 78ма победа во историјата и 41ва во доминантен 1-2 стил додека јубилеен 150ти подиум забележа Ред Бул. На подиум по 25ти пат се искачи и Валтеери Ботас, а по 12ти пат Макс Верстапен.

Стартот на трката беше добар за Ферари затоа што напредуваа една позиција благодарение на фактот што Себастијан Ветел одлично тргна и го мина Валтери Ботас. Но, зад првата шесторка беше проблематично.

Кевин Магнусен е возеше на 7мо место на 4та кривина во моментот кога малку “лизна“ нрговиот болид, а тоа го фати Роман Гросжан неподготвен. Французинот направи маневар за да го избегне Магнусен, целосно се изврте од патеката и сакајќи да се врати на истата “ги собра“ со себе Нико Хулкенберг од Рено и Пјер Гасли од Торо Росо. Безбедносното возило веднаш излезе на патеката.

hamilПри инцидентот од првиот круг, Стофел Вандорн излезе од патеката на првата кривина, несоодветно се врати на тркачката линија и поради тоа доби казна од 5 секунди.

До 6от кург се возеше зад Безбедносното возило, а рестартот најдобро го искористи Фернандо Алонсо кој на стартот испана од топ 10, но мина Окон кога се повлече Безбедносното возило и се врати на 10то место.

Хамилтон ја поведе трката и беше доста побрз од Ветел, но Ферари се решија во 17от круг први да влезат во боксот и да монтираат медиум компонента на која и треба доста време да се загрее. Германецот од Ферари се врати на 7мо место, зад Кевин Магнусен.

Стратегијата на Ферари ја следеа од Мерцедес и по само 3 кругови го внесоа Валтеери Ботас по нови гуми, монтираа медиум компонента, но при излегувањето се вратија зад Магнусен, во моментот кога Ветел го мина данецот. Следниот круг и финецот го “исчисти“ Кевин од пред себе и се пушти во потера по Себ.

25от круг беше крајот за Кими Раиконен кој пријави проблеми со моторот, беше минат од Макс Верстапен, а веднаш потоа и од Даниел Рикардо. Да потсетиме, финецот доби нов мотор во Сабота наутро.

Кругот број 26 беше моментот кога Луис Хамилтон влезе во бокс и тој доби бело означени медиум гуми, а се врати на патеката на второ место, зад Макс Верстапен.

Естебан Окон менуваше гуми во 30от круг, но механичарите имаа проблем со задното десно тркало и тој заглави многу време неподвижен во гаражата. Откако се врати на патеката, комплетираше уште 11 кругови пред да се откаже откако се појави чад од неговиот мотор.

Ред Бул менуваа во 35от односно 36от круг, најпрво медиум доби Даниел Рикардо, а потоа и Макс Верстапен.

Виртуелното безбедносно возило кое го предизвика откажувањето на Окон го искористи Себастијан Ветел кој влезе по свежи и загреани гуми, но Скудерија немаа софт, па повторно монтираа медиум, коцкање кое не им се исплатеше затоа што загубија подиум од Макс Верстапен.

Рестартот од Виртуелното безбедносно возило повторно во корист на стариот лисец Фернандо Алонсо кој го мина невнимателниот Шарл Леклер, превземајќи го неговото 8мо место.

На рестартот невнимателен беше и Макс Верстапен кој “го закачи“ Ленс Строл и го уништи левиот дел од своето предно крило, но со оглед на перформансите до крајот, тоа не влијаеше многу на него.

Софел Вандорн успеа да извозе само 47 кругови пред да се откаже.

Шарл Леклер загуби уште една позиција во 59от круг откако дебитантот не додржи да го остави зад себе Серхио Перез.

Финиш на 4то место за Себастијан Ветел, пред Даниел Рикардо, победникот од Кина. Кевин Магнусен “најдобар од останатите“ на 6то место, пред Карлос Саинз од Рено, Фернандо Алонсо, Серхио Перез и Шарл Леклер.

Водството на Хамилтон се зголеми на 17 поени, додека Ветел “му бега“ 20 на Ботас, кој го превзема 3то место од Кими Раиконен. Даниел Рикардо се доближи на само поен до финецот.

Кај тимовите, Мерцедес има предност од 27 поени, Рено и Мекларен се на поен едени од други, исто како и Хаас и Форс Индија.


Шпанија: Доминантна 1-2 за Мерцедес

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>