Шафнауер: 14 поени се добра прослава за јубилејот

73

Отмар Шафнауер е задоволен со пресвртот кој го направи Форс Индија викендов во Австрија, откако Естебан Окон и Серхио Перез завршија на шесто и седмо место во 200та трка за екипата.

Ниту еден од нив не стартуваше од топ 10, но и двајцата ги избегнаа инцидентите и беа на вистинско место во вистинско време да ги искористат шансите и откажувањата на тие пред нив, за на крајот да освојат 14 поени.

Резултатот е показател на мошне добро завршена трка од целата екипа. Избегнавме инциденти во првите кругови, а потоа со добри одлуки ги донесовме Естебан и Серхио до поени.

Формата беше солидна, а Естебан и Серхио работеа напорно за да го стигнат Магнусен – изјави Шафнауер.

Отмар признава дека е задоволен што тимот имал можност да се бори во трката, откако во петочните и саботните сесии имаа проблеми со перформансите. Моментално тие се на 2 поени позади екипата на Мекларен во генералниот пласман.

Иако 4то и 5то место на Гросжан и Магнусен ги донесе Хаас пред Форс Индија и Мекларен, Шафнауер е среќен што двата болида биле во поени при прославата на нивната 200та трка во Формула 1.

14 освоени поени во викенд во кој не бевме добри во првите сесии е мошне задоволително чувство и одличен начин да се прослави нашето 200то Гранд При како Форс Индија – додаде Шафнауер.


Шафнауер: 14 поени се добра прослава за јубилејот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>